Македонско друштво „Илинден“-Тирана, пред десет години беше примено во Федералната унија на европските националности (ФУЕН), највисоката малцинска организација во Европа. Македонско друштво „Илинден“-Тирана стана прво друштво од Република Албанија рамноправен член на ФУЕН во конгресот што се одржа на 15 мај 2015 година во Комотини, Грција, во организија на Федерацијата на западно тракиски Турци во Европа, Здружение на дипломирани студенти на Западна Тракија и Партијата за пријателство, еднаквост, мир, Партија на Турското малциство во Грција.
Од тогаш до денес, „Илинден“-Тирана дава голем придонес во евидентирањето и надминувањето на голем број прашања од интерес на Македонците во Република Албанија. Континуирано работи на заштитата на етничкиот, јазичниот, културниот идентитет и националните традиции на Македонците во Република Албанија.
Покрај тоа, Македонско друштво „Илинден“-Тирана редовно учествуваше во овие десет години на сите конгреси на ФУЕН. На сите конгреси, Македонско друштво „Илинден“-Тирана поднесуваше резолуци чија содржина и намера беше подобрување на животот на Македонците во Република Албанија и сите беа освоени од страна ФУЕН. Истите се пратени до сите државните инситуци на Република Албанија и меѓународни институции кои се поврзани со малцинствата. Овие резолуции придонесуваат за подобрување на положбата на Македонците во Република Албанија.
„Илинден“-Тирана во функција на рамноправен член во Федералната унија на европските националности (ФУЕН) и како дел од Работната група на словенските малцинства во Европа при ФУЕН, активно го покренува прашањето за Македонците во Република Албанија на меѓунаротната сцена. „Илинден“-Тирана во ова прилика упатува искрена благодарност до раковоството на ФУЕН за соработката и разбирањето покажано за интересите на македонското национално малцинство во Република Албанија.
-Упатуваме искрена благодарност до Македонското меѓународно движење за човекови права од Канада чиј претседател е Бил Николов, кое помага на „Илинден“-Тирана да се плати годишната чланарина и да е рамноправен член во ФУЕН. Да ни се множат јубилеите и пријателствата со сите народи и малцинства во Европа – стои во честитката на Македонското друштво „Илинден“-Тирана потпишано од претседателот Никола Ѓурѓај.