ОДБОЈКА
Селекторот на женската сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија, Стефан Пауновиќ, го објави поширокиот список на одбојкарки на кои ќе смета за престојните настапи во Сребрената европска лига 2025 и квалификациските дуели со селекциите на Грција и Австрија за пласман на Европското првенство (ЕП) во 2026 година. На поширокиот список фигурираат 24 имиња, од кои шест се интернационалки, додека преостанатите репрезентативки настапуваат моментално во најдобрите три домашни клуба, Работнички Скопје, Јанта волеј КВ и Наковски волеј, како и Марија Лазарова од Струмица и капитенката на репрезентацијата, либерото Емилија Попјордановска, која сезонава го носеше дресот на Газели волеј.
– Селекторот Пауновиќ и неговиот асистент, стратегот на Работнички Скопје, Душко Деспотовски, во текот на следната недела ќе го објават и потесниот список на одбојкарки што на 15 мај треба да се појават на првиот собир на репрезентацијата во х. „Горан Пандев“ во Струмица – информираат од ОФМ. Г.И.
Поширок список на репрезентативки
Техничарка: Ерјона Јонузи, Софија Ричлиева, Софија Пандева, Јана Балов
Коректорка: Мила Дикова, Мери Бошковска, Андротеа Милевска
Коректорка/примачка: Антонија Баталаковска, Ана Фасулева
Примачка: Тамара Стојанова, Теа Терзиевска, Ана Ѓорѓиевска, Лилјана Ковачевиќ, Добрина Хаџитошева, Бојана Маројевиќ, Мила Долдурова
Средна блокерка: Марија Василевска, Ана Павловска, Марија Лазарова, Симона Стојановска, Ивана Стојковска
Либеро: Емилија Попјордановска, Надица Антеска, Фросина Трајковска