ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ „ЛАУРЕУС“

Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис и американската гимнастичарка Симон Бајлс се прогласени за најдобри спортисти во светот за 2024 година во традиционалниот 22. избор на академијата „Лауреус“, кој се одржа во Мадрид (Шпанија). Дуплантис лани во Париз го освои вториот златен медал на Летни олимписки игри (ЛОИ) и двапати го поправи сопствениот светски рекорд во скок со стап, а Бајлс освои три златни медали и еден сребрен на ЛОИ 2024.
Од другите награди, шпанскиот фудбалски клуб Реал Мадрид, победникот во Лигата на шампионите, е прогласен за тим на годината, младиот напаѓач на Барселона, Ламине Јамал, ја освои наградата за пробив на годината, тенисерот Рафаел Надал го доби признанието за спортска икона, сурферката Кели Слејтер наградата за животно дело, гимнастичарката Ребека Андраде ја освои наградата за повратник на годината (откако закрепна од повредата на лигаментите освои три медали на ЛОИ во Париз), светската награда за акциски спортист му припадна на Том Пидкок, планински велосипедист, кој стана само вториот човек што ги освоил олимписките титули во дисциплината цикло-крос, пливачката Јујан Џианг е прогласена за спортистка на годината со попреченост (на ПОИ во Париз освои седум медали во пливање). Г.И.