ФОТОВЕСТ

Учениците од 2-2 oдделение од ООУ „Блаже Конески“ од Скопје деновиве имаат многу гости. Ги посетија врсници од Турција и од Португалија, кои се тука благодарение на проект на „Еразмус“, со цел стекнување и споделување искуства.
Во рамките на многубројните активности, учениците домаќини одржаа и ликовна работилница со познатиот сликар и хуманист Живко Поповски-Цветин, во чија организација помогна родителката Наташа Неделковска.
За децата, посетата претставуваше огромна радост, чест и задоволство, а, секако, тие беа одушевени и од прекрасните цветни слики. Потоа заеднички беше реализирана ликовната работилница „Цвеќе на мирот“.

Ф.Д.