Фото: Пекселс

Роднините на настраданите во трагичниот настан во Кочани, кои се пренесени на лекување во Бугарија, информации за установата за лекување во која престојуваат нивните најблиски можат да добиваат 24/7 од дежурно лице во Министерството за здравство на Република Бугарија на телефонскиот број 02/ 8050 300.

Со воен авион „Спарта“ во Бугарија се пренесени осум лица што настрадаа во пожарот во Кочани. Петмина од нив, како што објавија од бугарското Министерство за здравство, се сместени во УМБАЛСМ „Н. И. Пирогов“, од кои тројца се во тешка состојба, на апарати за дишење.

Како што објави бугарското МЗ, уште тројца со тешки изгореници, ќе бидат лекувани во болницата Варна во Воено-медицинска академија.

Како што се најавува, се очекува да бидат пренесени уште шест лица во Бугарија.

Тројца од нив ќе се лекуваат во УМБАЛСМ „Н. И. Пирогов“, а тројца во УМБАЛ Свети Георги – Пловдив.