Фото: Пиксабеј

Стотици училишта во Кипар утринава добиле заканувачки мејлови во кои се тврди дека во зградите се поставени експлозивни направи – објави весникот „Филелефтерос“.

Училиштата кои ги добија заканите се во главниот град Никозија, во провинциите Лимасол, Ларнака, Пафос и неокупираниот дел од провинцијата Фамагуста. Упатени се закани до вкупно 215 образовни институции.

Полицијата ги активираше протоколите за одговор, кои вклучуваат евакуација на учениците и наставниците на одредени локации. Нема информации дека при проверките се пронајдени сомнителни предмети.

Текстот на заканата објавен во медиумите се одликува со исламистичка екстремистичка фразеологија.

Полициската истрага покажала дека заканите биле упатени од територијата на Русија. Станува збор за познати IP адреси од кои се испраќале слични пораки до други европски земји.