ПРОЗНИТЕ КНИГИ НА МОЈАТА МЛАДОСТ

(од мојата 16. до 24. година, гимназија и факултет)

Некои беа дел од училишната и студентска лектира (што тогаш ја читавме редовно, некогаш по задача, некогаш со страст), другите откритија на љубопитниот студент по литература. Но и едните и другите ги одделувам како книги што додека ги читав бев залепен за нив од првата до последната страница, што речиси ме доведе до Стендалов синдром, забрзано чукање на срцето од восхит и вџасеност. Кога книгата го освојува младиот читател, тој е приврзан и пристрасен, внесен во читањето не го забележува минувањето на часовите. Занесот на читањето, како тој може да го исполни времето кај младиот читател!, го нурнува во бескрајната разноликост на книжевната храна, за тој доживотно да остане доброволен уживател на нејзиното богатство.
Кои се моите први, суштински книжевни откритија што ме концентрираа во мојата непрекината занесеност ви читањето?
Како некој вид премин, паралелен со пубертетот, „Клетниците“ на Иго, „Тивкиот Дон“ на Шолохов и „Мемоарите“ на Казанова, потоа (се трудам, колку што можам, да ја насочам меморијата хронолошки):
Сервантес – „Дон Кихот“
Х. Милер – „Sexus“
Ромен Ролан – „Жан Кристоф“
Дикенс – „Големите исчекувања“
Стендал – „Пармскиот картузијански манастир“
Достоевски – „Злосторство и казна“
Толстој – „Ана Каренина“
Хесе – „Игра со стаклени бисери“
Ман – „Волшебниот брег“
Флобер – „Г-ѓа Бовари“
Ками – „Странецот“
Раскази на Чехов, Мопасан, Кафка, Хемингвеј
Булгаков – „Мајсторот и Маргарита“
Џојс – „Даблинци“
Јурсенар – „Мемоарите на Адријан“
Калвино – „Баронот на дрво“
Раскази на По, О’Хенри, Пирандело, Селинџер
Ман – „Смрт во Венеција“
Борхес – „Алеф“
Андриќ – „Проклетата авлија“
Црњански – „Роман за Лондон“
Есеи на С. Цвајг, В.Вулф, М. Цветаева, И.Еренбург
Маркес – „Сто години самотија“
Набоков – „Лолита“
Шулц – „Продавниците со боја на цимет“
В. Вулф – „Г-ѓа Даловеј“
Селин – „Патување до крајот на ноќта“