Од дваесет и петте пристигнати видеа, по распишаниот конкурс на Управата за јавни приходи на темата „Данок плати, во иднина да ти се врати“, видеото направено од учениците од графичката струка од СОУ „Ристе Ристески-Ричко“ од Прилеп го освои првото место.
Учениците под менторство на нивниот професор Александар Костадиноски давале идеи, снимале, глумеле и целосно се посветиле за да го создадат победничкиот видеопродукт. Нивната порака е дека со плаќањето на данокот како граѓани си обезбедуваме подобри услови за живот во нашето општество.
Учесниците и професорот беа посетени од страна на претставници на УЈП, предводени од заменик-директорката Тања Анчевска, при што им беа врачени награда лаптоп за училиштето и пригодни подароци за секој ученик што беше учесник во овој проект.