Фото: ЕПА

ФУДБАЛ

Клупското Светско првенство (СП) в година ќе почне еден ден порано, па Интер Мајами (САД) и Ал Ахли (Египет) ќе играат на 14 јуни (од два часот наутро според средноевропско време на 15 јуни), во Мајами, и ќе биде заокружено со една недела дуели во Њујорк, пишува агенцијата „Асошиејтед прес“ (АП). Светската фудбалска федерација (ФИФА) го објави распоредот за првото клупско СП на кое ќе настапат 32 клуба. Њујорк беше најавен како домаќин на финалето, на 13 јули, а ФИФА соопшти дека таму ќе се одиграат и двете полуфиналиња (8 и 9 јули) и едно четврт-финале (5 јули). ФИФА соопшти дека распоредот има цел да го максимизира одморот и да ги минимизира патувањата и ги зеде предвид временските прогнози, пишува АП. Н.М.