Потпретседателката на САД, Камала Харис, официјално стана претседателски кандидат на Демократската партија, откако беше избрана преку онлајн гласање на Демократскиот национален комитет.
Таа е првата црнкинка и Индијка, која стана кандидат на водечка американска партија за кампања за Белата куќа.
Харис е родена во Калифорнија во 1964 како дете на имигранти: нејзината мајка потекнува од Индија, а татко ѝ е роден во Јамајка. По нивниот развод, Камала и нејзината сестра Маја главно биле одгледани од мајка им под силно влијание на индиските традиции, но потоа сите ја присвоиле црната култура на Оукленд.
– Мајка ми многу добро сфаќаше дека одгледува две црнкинки. Таа беше посветена кон тоа јас и Маја да пораснеме во самоуверени, горди црнкинки – напиша Харис во својата автобиографија.
Таа вели дека отсекогаш била комотна со својот идентитет и се опишувала себеси како Американка.
Откако поминала четири години на Харвард и добила диплома по право на Калифорнискиот универзитет во Хестингс, Харис станала главен обвинител на Сан Франциско, а потоа. во 2017 година беше избрана за сенаторка.
Таа од 2014 година е во брак со адвокатот Даглас Емхоф, станувајќи помајка на неговите две деца.