Воената база Аин ал Асад каде се стационирани силите на антиџихадистичката коалиција предводена од САД вчера беше нападната со два дрона.
Едниот дрон бил соборен надвор од базата, лоцирана во ирачката провинцијата Анбар, а вториот експлодирал во базата без да предизвика штета.
Вооружените групи во Ирак поддржани од Иран, изминатите месеци во голема мера преземаа слични напади врз војниците поддржани од САД, но и се закануваат дека ќе продолжат доколку избие војна меѓу нивниот сојузник Хезболах во Либан и Израел.
Во Ирак има околу 2.500 американски војници и 900 во Сирија.