Дмитриј Песков/Фото: Кремљ

Кремљ нагласи дека западните земји кои ја снабдуваат Украина со оружје за директен напад врз Русија дефинитивно ќе се соочат со последиците, пренесе „Ројтерс“.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, го изјави ова откако рускиот претседател Владимир Путин вчера истакна дека Русија би можела да испорача оружје на ударна оддалеченост од интересите поврзани со САД и нивните европски сојузници, доколку му дозволат на Киев да удри подлабоко во Русија со западно оружје со долг дострел.

Песков одби да ги именува земјите или регионите каде Русија би можела да распореди или испорача такво оружје.