Фото: Ка.М
Медиумската писменост во добата на вештачка интелигенција -проширување на границите на возможното е тематскиот симпозиум, што го организира Институтот за комуникациски студии Скопје на кој дебатираа еминентни стручњаци од медиумите, образованието и вештачката интелигенција.
Во првиот дел, „Општеството во доба на вештачка интелигенција“, говореа Томас Гуртни кој образложуваше колку вештачката интелигенција е непријател на вистината или сојузник, додека Лидија Ел Хури посочи дека вештачката интелигенција помага во борбата против онлајн омразата.
Според Јанис Компатсијарис, вештачката интелигенција е добра, но и лоша во медиумите, а за Анис Сефиданис вештачката интелигенција е важна за образованието.
Во вториот дел од симпозиумот Кристин Ван Дам, Кирил Барбареев, Мартина Наумоска и Андреј Дамески говорат за прилагодувањето на образованието на новиот бран на технолошки промени.
Во рамките на симпозиумот, попладнево ќе се одржи работилница за млади- интерактивно учење и истражување.
Ка.М.