Политичките партии, лидерите и функционерите на македонската држава мора да разберат дека чествувањето на Делчев, но и на другите значајни настани и личности, има суштинска обединувачка порака, сето друго е само политичка реторика и демагогија. Време е како држава и општество да покажеме дека сме способни да ги оставиме настрана партиските настани и да испратиме вистински пораки на помирување и обединување околу националните и државните интереси. Чествувањето на 152-годишнината од раѓањето на Делчев беше совршена можност за пораки во овој правец, нагласуваат нашите соговорници
Делегациите на политичките партии, со исклучок на партиите од албанскиот блок, положија цвеќе и му оддадоа почит на македонскиот великан Гоце Делчев по повод чествување на 152-годишнината од неговото раѓање. Партиите и лидерите испратија пораки за Гоцевиот аманет, но дали беше испратена вистинската порака? Соговорниците со кои говоревме ни посочуваат дека секогаш кога при одбележувањето некои значајни настани или личност од македонската национална историја политичарите испраќаат пораки што се обоени со одредена политичка агенда, без да се води грижа за историската ситуација, односно особеностите на историскиот период, на настаните или личностите. На овој начин не само што се пропушта моментот за обединувачки пораки за македонската нација и држава туку, напротив, на површина излегуваат партиските и политичките поделби, велат нашите соговорници.
Во слична ситуација се најдовме и оваа година при чествувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, кога беа испратени пораки дека Македонија е „рамноправна членка на најмоќниот воен сојуз НАТО, трасиран е патот за членство во ЕУ“ или дека „државата што ја уништија да ја вратиме и воскреснеме“. Според нашите соговорници, со оваа реторика македонските политичари ја пропуштија главната суштина на Гоцевото чествување, со исклучок на Стево Пендаровски, македонскиот претседател, кои истакна дека „Денеска, на 152-годишнината од раѓањето на великанот на македонското револуционерно дело и државност, Гоце Делчев, се сеќаваме на неговиот историски придонес за слободата, независноста и самобитноста на македонскиот народ“. Гоце Делчев како една од највпечатливите, најзабележливите и најистакнатите личности од македонската историја се чествува затоа што тој е еден од темелите на македонската државност. Мора да земеме предвид дека кога се чествува одреден значаен историски настан или личност, чествувањето треба да биде натпартиско и во насока на сплотување и обединување на државата и нацијата, всушност секое чествување е во тој контекст, велат нашите соговорници.
Од друга страна, нашите соговорници велат дека неприсуството на актуелниот македонски премиер Талат Џафери при чинот на чествувањето на Делчев може да се протолкува како непризнавање на суштинските темели на современата македонска држава. Неодамна, Џафери изјави дека е премиер на сите граѓани и дека доверената должност ќе ја извршува со најголема одговорност, но со своето неприсуство ја пропушти шансата да го докаже изреченото, велат нашите соговорници. Гоце Делчев е обединувачки симбол, не само за Македонците туку и за сите граѓани што живеат во современата македонска држава, затоа што тој се стремеше да „го поврзе и подигне духот на населението“ без разлика дали станува збор за Македонци или Албанци, нагласуваат нашите соговорници
Од друга страна, нашите соговорници велат дека неприсуството на актуелниот македонски премиер Талат Џафери при чинот на чествувањето на Делчев може да се протолкува како непризнавањето на суштинските темели на современата македонска држава. Неодамна, Џафери изјави дека е премиер на сите граѓани и дека доверената должност ќе ја извршува со најголема одговорност, но со своето неприсуство ја пропушти шансата да го докаже изреченото, велат нашите соговорници. Гоце Делчев е обединувачки симбол, не само за Македонците туку и за сите граѓани што живеат во современата македонска држава, затоа што тој се стремеше да „го поврзе и подигне духот на населението“ без разлика дали станува збор за Македонци или Албанци, нагласуваат нашите соговорници.
Политичките партии, лидерите и функционерите на македонската државата мора да разберат дека чествувањето на Делчев, но и на другите значајни настани и личности, има суштинска обединувачка порака, сето друго е само политичка реторика и демагогија. Време е како држава и општество да покажеме дека сме способни да ги оставиме настрана партиските настани и да испратиме вистински пораки на помирување и обединување околу националните и државните интереси. Чествување на 152-годишнината од раѓањето на Делчев беше совршена можност за пораки во овој правец, нагласуваат нашите соговорници Д.Ст.
Нема промена во бугарската позиција за историјата како услов за македонските евроинтеграции
Оваа години недостигаа агресивните бугарски пропагандни дејства при чествувањето на Делчев, но бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов, при положувањето цвеќе на гробот во црквата „Свети Спас“ од страна на бугарската амбасада во Македонија, на Генералниот конзулат на Бугарија во Битола и на Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје, изјави дека нема поголема личност од Гоце Делчев, кој го дефинира нашето заедничко минато, бидејќи неговите посмртни останки се тука, во Скопје, но во моментов и во Софија, Благоевград и во градот што го носи неговото име. Доколку внимателно се анализира, изјавата на бугарскиот амбасадор е во контекст на актуелната бугарска државна политика и непризнавањето на македонските национални особености – јазик, историја, култура итн.
Нашите соговорници посочуваат дека чествувањето на Гоце Делчев повторно беше злоупотребено за наводната заедничка историја, односно бугарските корени на македонскиот народ. Дополнително, изјавата на бугарскиот амбасадор е потврда дека нема промена во позициите на Софија за историјата како услов за македонските евроинтеграции, а во иднина треба да очекуваме и дополнителни притисоци и пораки во оваа насока, велат нашите соговорници.