Лицето што се јавило дека е отсечено од снегот во викендичка над село Радња, во месноста „Гатеново“ на планината Кожуф, кое прво одбило помош во понуден оштински офроуд превоз со теренски четирицикл (4х4), бидејќи не знаел што да прави со неговите две кучиња, вчера е успешно спасено и евакуирано до својот дом во Кавадарци, велат од ЦУК.
Регионалниот ЦУК Кавадарци известува дека екипа од Зимската служба за одржување на улици и патишта на Општина Кавадарци вчера во со трактор со специјализирана опрема – нож за сечење дрвја, и едно теренско 4х4 возило организирале и извршиле акција за да го извлечат лицето коешто беше завеано во мсноста „Гетеново“, а со себе имале и човек кој го познава добро теренот, бидејќи, се работи за планински терен надвор од селото, каде што има само викендички со голема оддалеченост една од друга. Патот до таму е земјен, а висината на снежната покривка е околу половина метар и имало многу искршени гранки и дрвја од тежината на снегот што го попречувале планинскиот земјен пат.
– Доцна вечерта, Регионалниот ЦУК Кавадарци се јавија и известија дека се слушнале со човекот и дека истиот е дома и во добра состојба. Тој изразил голема благодарност до Општина Кавадарци и на сите инволвирани во неговата безбедносна евакуација. При ова информирање е неодминливо и важно тоа што информацијата преку медиумите вчера предизвика и хумана реакција во општеството и други поединци и здруженија да се јават за да помогнат. Но, беше оценето дека Зимската служба за одржување на улици и патишта на Општина Кавадарци е доволна за спасувачката евакуација на завеаниот граѓанин од Кожуф. Ете, тоа е пример на позитивн моќ и улога на медиумите во општеството, кога и преку одвојување време за сервисни информации ја поттикнуваат хуманата страна на луѓето во нашата држава и ја јакнат колективната свест за помагање меѓу себе, секако и со едукативна конотација како тоа се остварува (почнувајќи од јавувањето на европскиот, а сега и македонски единствен број за итни случаи 112 во ЦУК) и сеако дека тоа е пожелно да е во координација со тие коишто и професионално го реализираат извлекувањето и спасувањето – со институциите од Системот за управување со кризи (СУК) – дополнуваат од ЦУК.