„Дијалогот на двајца мајстори на алтернативната фотографија“ може да се проследи преку делата на Шпанецот Жосеф Мариа Рибас Прус и Романецот Дамиан Диаконеску кои вечерва беа претставени во Културно-информативниот центар во Скопје, во рамки на фестивалот „Зрно“.
Рибас Прус е најнаградуваниот шпански ФИАП фотограф со неверојатна вештина од темната комора. За Диаконеску, пак, велат дека е алхемичар, мајстор на бројни аналогни и алтернативни процеси со невидена естетика.
Изложбата ќе биде отворена до 30 јуни.