Медицински совет
Ако имате навика да прескокнувате оброци, на вашето тело му недостигаат есенцијални хранливи материи неопходни за негово правилно функционирање. Ова може да доведе до различни негативни последици, и физички и психолошки.
– Редовното прескокнување на оброците може да доведе до флуктуирачки нивоа на енергија, намалена концентрација и нарушен метаболизам – вели лекарот Анастасиос Микроулис за списанието „Бест лајф“.
Нутриционистката Џен Блајвеис додава дека некои од последиците од прескокнувањето на оброците се „магла во мозокот“, замор, глад, раздразливост и хормонална дисрегулација.
– Кога телото чувствува глад, тоа го зајакнува нашиот природен инстинкт да бараме храна. Луѓето се однесуваат така од почетокот на настанувањето. Некои луѓе тврдат дека имаат подобар фокус кога не јадат долго време. Меѓутоа, тука станува збор за зголемена работа на хормоните и ви се чини дека имате повеќе енергија – вели таа.
Не е гарантирано дека прескокнувањето оброци ќе ви помогне да изгубите тежина. Ова во никој случај не е здрав начин за слабеење.
– Неправилната исхрана може да го наруши вашиот метаболизам и да го отежне одржувањето здрава тежина. Без соодветно внесување хранливи материи, телото може да почне да го „разградува“ мускулното ткиво за да ги задоволи потребите за енергија, што негативно влијае на вашата мускулна маса и сила – наведува нутриционистката.