Повеќе од 30.000 артефакти, меѓу кои и грчка и римска керамика, шлемови, погребни урни, ламби, стрели и копја запленети се во рамките на најновата операција насочена против трговијата со културни добра во Европа, соопшти денеска Европол.
Во соопштението се наведува дека помеѓу запленетите артефакти има и оригинали и фалсификати.
Артефактите се запленети во рамките на операцијата Сардика, со која раководи шпанската Цивилна гарда и бугарската криминалистичка полиција, со поддршка на Европол и Евроџаст, насочени против организираните криминални групи осомничени за кражба и фалсификување на артефакти.
При операцијата на 23 октомври извршен е истовремен претрес на 17 имоти во Бугарија и Шпанија, што доведе до апсење на 13 осомничени лица, а конфискувани се и околу 180.000 евра во кеш.
Истрагата покажа дека криминалната банда работела првенствено од Шпанија, вршела нелагални ископи и тргувала со културните добра, украдени од археолошките наоѓалишта во Бугарија.