Едукативниот семинар под работен наслов „Развој на националниот џудо-систем“ има цел да им ја подобри работата на џудо-тренерите во клубовите во Македонија

ПРИЛЕП

Германецот Јирген Клингер, експерт на Европската џудо-унија (ЕЏУ), го предводи едукативниот семинар под работен наслов „Развој на националниот џудо-систем“, кој ќе има цел да им ја подобри работата на џудо-тренерите во клубовите во Македонија.
Своите знаења и вештини, Клингер (кој е носител на седми дан) ќе ги сподели директно на татамите преку практични примери и вежби, кои почнаа во саботата и ќе траат до недела, што ќе биде од големо значење за сите македонски џудо-тренери, кои ќе учествуваат на овој семинар.
Семинарот е во коорганизација на Џудо-федерацијата на Македонија и на Македонскиот олимписки комитет (МОК), а во техничка организација на прилепскиот џудо-клуб Сеишн и истиот тој ќе се одржи во спортската сала при општинското основно училиште „Кочо Рацин“ во Прилеп. Ова, секако, ќе биде убава можност учесниците на семинарот да се запознаат со најновите техники во џудото, а во насока на збогатување и усовршување на своите знаења, кои потоа ќе им ги пренесат на членовите на своите лубови. Г.И.