Во атарот на битолското село Старавина завчера биле пронајдени 837 стари неексплодирани бомби од Првата светска војна, соопшти МВР.
Вчера во 13.30 часот во СВР Битола, било пријавено дека во атар на село Старавина, Битолско, биле пронајдени 837 стари неексплодирани бомби кои потекнувале од Првата светска војна.
Пронајдените експлозивни направи биле подигнати од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошно постапување.