Прв состанок на европската политичка заедница (ЕПЗ) во Прага
Со официјална пленарна сесија започна првиот состанок на европската политичка заедница во Прага, каде што учествуваат лидерите на ЕУ, на Западен Балкан и на други држави, поточно севкупно 44 шефови на влади и на држави од европскиот континент. Премиерот Димитар Ковачевски ја предводи македонската делегација.
На пленарната сесија, воведно поздравно обраќање имаше чешкиот премиер Петр Фиала, кој ја истакна важноста на овој значаен собир каде што за првпат шефовите на државите и на владите од европскиот континент во поширока смисла зборуваат на рамноправна основа.

Според европскиот пиар, станува збор за политичка дискусија на високо ниво со цел да се воспостави соработка на земјите од европскиот континент во услови на светски и геополитички превирања. Во фокусот на европската политичка заедница се трите најважни и во моментот поврзани прашања што ги обединуваат сите земји, а тоа се војната во Украина, состојбата во енергетиката и состојбата во економијата, иако, според низа аналитичари, и самиот статус на ЕПЗ, нејзините цели и мисија сѐ уште се „во магла за пошироката јавност“.
Во Прага низ призмата на пленарната седница на ЕПЗ беше нагласена важноста на солидарноста со Украина и нејзиниот народ, како и зајакнувањето на рестриктивните мерки со цел да се зголеми притисокот врз Русија за да стави крај на војната.
Соработка и солидарноста низ Европа може да помогнат да се придонесе во ублажување на последиците од светската енергетска криза настаната како резултат на воената агресија врз Украина. Целта на средбата е да се дејствува заеднички со цел да се акцентира важноста од дијалогот за обезбедување мир и безбедност, како и заеднички решенија во однос на диверзификација на изворите за снабдување со енергенти.
Лидерите на земјите-членки на ЕУ потенцираа дека целта на европската политичка заедница е да им се даде на земјите-аспиранти чувство на припадност кон европскиот клуб пред нивниот формален пристап во ЕУ.