ДИЈАМАНТСКА ЛИГА

Шели-Ен Фрејзер-Прајс од Јамајка ја истрча четвртата најбрза трка на 100 метри за атлетичарки досега, со време 10,62 секунди, со кое победи на митингот од Дијамантската лига во Монако. Петкратната светска шампионка на 100 метри го подобри сопствениот рекорд за најбрза трка на 100 метри во годината, откако претходно во Полска оствари време од 10,66 секунди.
Таа сега ги има третото и четвртото најбрзо време на 100 метри за жени (уште и 10,60 од 2021 година). Светска рекордерка е Флоренс Грифит-Џојнер (САД) со 10,49 секунди од 1988 година, а второто најбрзо време е на Елејн Томпсон-Хера (Јамајка) со 10,54 секунди од 2021 година.
Тоа беше трет резултат побрз од 10,7 секунди во рок од една недела за Фрејзер-Прајс, која станува првата жена во историјата што шест пати во иста сезона трчала побрзо од 10,7 секунди, пишува „Би-би-си“.