Според најавите, се очекува НАТО да постигне согласност за најзначајната ревизија на својата одбрана од ерата на Студената војна, вклучувајќи го шесткратното проширување на силите за брз одговор, кои имаат 40.000 припадници, преименувајќи ги во нови Сојузнички сили за брза реакција
Според воени извори, плановите на состанокот во Мадрид ќе вклучуваат проширување и ребрендирање на 40.000 припадници во силите за реакција на НАТО, кои се очекува најверојатно да се зголемат на 240.000 припадници, а нивниот назив ќе гласи Сојузнички сили за брза реакција (АРФ). Осумте борбени групи, кои беа зголемени на 25.300 припадници откако Крим е под власта на Кремљ од 2014 година, најверојатно ќе бидат засилени со уште илјадници војници. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека сојузниците на НАТО ќе се согласат „да ги зајакнат борбените групи на исток до ниво на бригада“. Бригадата може да има меѓу 3.000 и 5.000 војници.
Самитот во Мадрид доаѓа откако тензиите меѓу Москва и Западот се зголемуваат откако Европската Унија (ЕУ) го запре транспортот на челик и црни метали преку територијата на Литванија до руската ексклава Калининград, како дел од четвртиот пакет санкции на ЕУ против Русија. Кремљ се закани дека ќе возврати на санкциите. Некои на Запад се плашат дека Кремљ би можел да планира воена акција за да обезбеди копнен коридор меѓу нејзиниот сојузник Белорусија и регионот Калининград, преку таканаречениот коридор Сувалки, кој претставува 65 километри долг појас во Полска, по должината на границата со Литванија.