Полицијата уапсила бегалец во југоисточна Кина со помош на технологија за препознавање лица, која го издвоила човекот од маса од 50 илјади луѓе на поп-концерт.
Триесетгодишниот бегалец бил баран поради финасиски проневери, а на настапот на поп-ѕвездата Џеки Ченг, тој заминал со сопругата и пријателите мислејќи дека е безбеден во преполната сала.
Тој изјавил дека никогаш не би дошол на концерт доколку знаел дека има шанса да го препознаат.
– Имаше престрашен израз на лицето – рекол полицаецот што учествувал во апсењето на бегалецот.
Кина води во имплементацијата на технологијата за препознавање лица за различни употреби, вклучувајќи и спроведување на законот.
Минатата година Си-ен-ен пренесе вест за паркот во Пекинг во кој имало инсталирано технологија за препознавање лица, со цел властите да се борат против неконтролираното трошење тоалетна-хартија. Едно лице може да употреби само одредена количина хартија, а во случај да му треба повеќе мора да почека девет минути.