Според Меѓународната кинолошка федерација, денес во светот се регистрирани 355 раси, а факт е дека одредени раси се поотпорни на болести од другите. Ги наведуваме петте најздрави раси на кучиња.
Австралиски овчар: овие кучиња се многу активни и авантуристички настроени. Тие се познати како добро градена раса и наедно една од најздравите.
Шиба ину: ова е една од најстарите раси во светот. Тие се многу независни и интелигентни, но знаат да бидат и многу тврдоглави. Расата е многу издржлива и ретко ќе го видите ова куче на ветеринар.
Куче од мешана раса: поради својата генетска уникатност, мешаните раси прават совршени миленици за оние што сакаат куче со малку здравствени проблеми. Неодамнешните студии покажаа дека мешаните видови се всушност поздрави од чистокрвните.
Белгиски овчар: ова е здрава активна раса, која ги нема вообичаените болести што се наоѓаат кај многу други раси на кучиња. Имаат одличен инстинкт за чување и заштита, па затоа им се омилените кучиња на полициските сили.
Сибирски хаски: одличното здравје и прекрасните особини ја прават хаски една од најпосакуваните раси. Тие се невообичаено силни и агилни и се класифицирани како најиздржливи и најспособни кучиња.