Како ќе биде запишана МПЦ-ОА, дали го загуби правото на придавката македонска? Кои се канонските правила за издавање томоси?
Именувањето на Македонската православна црква-Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) во диптихот на автокефалните цркви, откако Вселенскиот патријарх би издал Томос за автокефалност е едно од прашањата за кои македонската јавност се уште има дилеми.
Во одлуката на Вселенската патријаршија пишува дека „Како име на оваа Црква го признава ’Охридска‘ (имајќи го на ум, како област на нејзината јурисдикција, владението во границите на државата Северна Македонија), како што нејзиниот Претстојател писмено ѝ вети на Вселенската патријаршија, која не го употребува терминот „Македонска‘, или друга изведенка од зборот „Македонија“.
Како ќе биде запишана МПЦ-ОА, дали го загуби правото на придавката македонска? Кои се канонските правила за издавање томоси?
Со оглед на тоа дека уставното име на Македонија е Република Северна Македонија, тогаш граѓаните го поставуваат прашањето дали тоа значи дека и нашата црква би се преименувала како православна црква на РСМ?! Според експертите, тоа е исклучено, и од формалноправен аспект и како обврска. Тоа е „нон сенс” и таквото нешто не овозможува никаков правен континуитет со Охридската Архиепископија.
Имињата како Македонска, Руска, Српска се народни имиња на црквите и тие се дел од колективната меморија на народите. Според нив, така ќе биде и со МПЦ.
Молкот на Српската православна црква (СПЦ) по одлуката на Вселенската патријаршија да ѝ признае канонски статус на Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) станува најголемата мистерија за црковната јавност во православниот свет.
Сите цркви чекаат одговор од СПЦ, но таа сѐ уште молчи. Што може да се крие зад молкот, какви дилеми и сценарија се во игра кај СПЦ?
„Нова Македонија“ истражуваше, а информациите велат дека СПЦ инстантно нема да се изјасни во врска со одлуката на Вселенската патријаршија сѐ до претстојниот собор на СПЦ, со работен карактер, закажан за 16 мај оваа година. Соборот, кој ќе започне на 15 мај и ќе има свечен карактер, од СПЦ велат дека е со историска тежина, зашто на него Српската црква ќе слави 100 години од томосот за автокефалност издаден од Вселенската патријаршија. Во споменатиот томос на СПЦ, епархиите од Македонија ѝ се дадени на СПЦ.
Соборот почнува во Сремски Карловци, локација што српскиот собор ја одреди за нивниот „историски момент“, со литургии за единство на СПЦ, а веќе следниот ден ќе продолжи во Белград, со работен дел на состаноци.
Прочитајте повеќе во утрешниот број на „Нова македонија“.