Пет лица се повредени денеска при истекување на гас во судската палата во турскиот град Измир.
Зградата е евакуирана, објави турската телевизија НТВ.
Петмината се пренесени во болница, а еден од нив се наоѓа во критична состојба.
Пред зградата на судот пристигнаа голем број амбулантни возила.
Засега се отфрлаат информациите за евентуална саботажа, соопшти полицијата.