Ерупцијата на подводен вулкан во близина на Тонга предизвика паника во Пацификот, па беа издадени предупредувања за можно цунами за целиот источен брег на Јапонија, како и за јужниот остров Амами и синџирот острови Такара.
Цунамито предизвикано од подводната вулканска ерупција веќе ја погоди пацифичката држава Тонга и поттикна многу други нации да издаваат слични предупредувања, вклучително и САД и Јапонија.
Ерупцијата била толку голема што можела да се види од вселената, пишуваат агенциите.
Жителите се предупредени да се евакуираат од крајбрежните области и да бараат повисоки места а се очекува брановите да достигнат висина од три метри.
Некои локални медиуми објавија дека цунами брановите веќе стигнале до бреговите на Тохоку и Окинава .
Најстрогиот совет е за островите Амами и Токари, каде брановите би можеле да достигнат три метри, според Јапонската метеоролошка агенција.
Мапата на агенцијата покажува дека целиот источен брег на земјата е осветлен со жолто предупредување за цунами, додека делови од синџирот острови на југ имаат црвени предупредувања.