Пен Фертинг, поранешен британски маринец, деновиве безбедно слетал на лондонскиот аеродром „Хитроу“ со приватен авион, а со него пристигнале и 173 мачки и кучиња од Авганистан, објави весникот „Сан“. Тој го напуштил Кабул како последен британски државјанин што се наоѓа таму.
Собрал пари за приватен лет, а авионот со кој ги спасил животните полетал од Пакистан и слетал во Кабул. Потоа ги натоварил мачките и кучињата и ги префрлил во Лондон.
Речиси 200 животни со кои Фертинг патувал од Кабул во моментот се во карантин, како што налага британскиот закон. Меѓутоа, постои и можност мачките и кучињата да бидат успани доколку им се дијагностицираат некои болести.