Српскиот претседател, Александар Вучиќ, во Кладово најави нови инвестиции за тој дел од земјата.
– Ќе изградиме нови марини, плажи, ќе инвестираме многу во Дунав со цел да се привлечат што повеќе туристи. Да го изградиме истокот на Србија за луѓето да се вратат во своите домови – порача Вучиќ.
Тој најави изградба на брза железница од Суботица до Скопје.
– Се надевам дека ќе можеме да го потпишеме договорот за изградба на пругата Белград-Ниш, а потоа од Ниш до северно-македонската граница. Може да замислите дека кога ќе имаме брз пат од Суботица до Скопје ќе се пристигне за 4 и пол часа. И тоа ќе биде можно во Србија за некоја година – најави Вучиќ.