Уметнички дела на мајсторите од 20 век, Пабло Пикасо и Пит Мондријан, кои беа украдени од грчката национална галерија во 2012 година, се пронајдени во бездна, 30 километри југоисточно од Атина.
Во 2.30 часот по Гринич, на 9 јануари 2012 година, двајца крадци влегле во Националната галерија во центарот на Атина и одзеле четири уметнички дела од нивните рамки – вклучувајќи ги и кубистичката слика на Пикасо од 1939 година „Глава на жена“ (донирана во галеријата од самиот уметник во 1949 година) и „Воденица“ на Мондријан, која датира од 1905 година. За да го извршат грабежот, крадците го активирале алармниот систем на галеријата неколкупати, така што ноќниот чувар го довеле до заблуда да верува дека следниот аларм е лажен, а всушност крадците тогаш го направиле грабежот во галеријата.
Додека бегале, тие изгубиле една слика од Мондријан, но ги однеле другите, а сѐ уште не е познато каде се наоѓа третата, скица на италијанскиот сликар Гилермо Кача.
По апсењето на 49-годишен маж, грчката полиција ги пронајде двете непроценливо вредни слики завиткани во вреќи за ѓубре во бездна во Кератеа, околу 30 километри југоисточно од главниот град.