Амбасадата на Република Бугарија во Скопје испрати протестна нота до Министерството за надворешни работи на Македонија за одлуката на царинските органи на граничниот премин – Деве Баир да запрат пратка од 920 бугарски книги за Бугарскиот културен и Информативен центар во Македонија. – соопшти Екатерина Захариева, министерката за надворешни работи на Бугарија.
Според министерката, книгите биле пренесувани од бугарскиот државјанин Виктор Стојанов, кој го претставил договор за донација на граничниот премин Деве Баир, како потврда дека книгите ќе бидат доставени до бугарскиот културен центар.
Захариева исто така вели дека во текот на пратката бил присутен и конзулот испратен од бугарската амбасада во Скопје, меѓутоа и покрај тоа македонските царинските власти истакнале дека е потребна претходната дозвола од Министерството за надворешни работи на РСМ и согласност од Министерството за култура на Македонија
Бугарската амбасадата бара објаснување зошто се наметнува специјално овластување за увоз на литература од земја-членка на Европската унија, кое не е регулирано никаде и е апсурдно да се случи во 2021 година во земја што тврди дека сака да се приклучи Европската унија. Скандалозниот чин на властите на Република Северна Македонија ќе биде претставен пред Европската комисија и амбасадите на земјите-членки на Европската унија во Скопје. – објави Екатерина Захариева, министерката за надворешни работи на Бугарија.
Претходно Захариева изрази загриженост во врска со публикациите дека поранешните или сегашните советници на премиерот на Македонија учествуваат во раководството на Меѓународен институт за блискоисточни и балкански студии. Според Захариева, овој институт имал за цел да му наштети на престижот на Бугарија преку лажни, искривени и манипулативно презентирани информации.