Ракометарите на Металург загубија на денешното гостување кај рускиот првак Чеховски медведи со 27-40, во заостанатиот меч од 5-то коло во Лигата на Европа. Металург на овој натпревар имаше 11 ракометари во составот, па извесно беше дека го очекува тешка задача. Домаќинот стекна висока предност од 22-11 на полувреме, со што практично го реши натпреварот.
Милан Поповиќ, Момир Рниќ и Златко Хорват постигнаа по шест гола за Металург, додека кај Чеховски медведи најефикасни беа Александар Ермаков и Александар Котов по осум погодоци.
Македонскиот претставник има учинок од едно реми и три порази во досегашниот тек од натпреварувањето, а Русите имаат две победи и еден пораз.
Металург го пречекува француски Тулуз во вторник, во следниот дуел од Лигата на Европа.