Националниот авиопревозник во Сингапур се надева дека ќе стане првата авиокомпанија во светот што ќе ги вакцинира сите свои членови на екипажот против ковид-19.
„Сингапур ерлајнс„ за „Си-ен-ен Травел“ потврди дека на сите нивни членови на екипажот, пилотите, агентите на влезовите, стјуардесите, и секој чија работа бара контакт со јавноста, им е понудена бесплатна вакцина против коронавирус од владата на Сингапур. Државата ја купила вакцината на „Фајзер“, за која се прима во две дози.
Според авиокомпанијата 5.200 вработени во „Сингапур ерлајнс“ веќе се пријавиле за вакцинирање.