Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 8 случаи на заболени од ковид-19, а 4 лица оздравеле од заразната болест.

Од последици на вирусот, почина едно лице на возраст од 54 години. Бројот на активни случаи со ковид-19 изнесува 142.  Од нив, 115 лица се наоѓаат на домашно, а 27 на болничко лекување. Вкупниот број на заболени од вирусот од почетокот на пандемијата изнесува 518.

Ка.М.