Проф. д-р Никола Јанкуловски е избран за ректор на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ), за периодот од 15 септември 2020 година до 15 септември 2023 година. Тој беше прв човек на институцијата и во изминатиот четиригодишен мандат, каде што дојде од деканската позиција на Медицинскиот факултет.
На денешните избори се гласаше со примена на нов американски модел, според кој тој убедливо победи со освоени 3.604.452 поени.
Во трката за ректорската позиција учествуваа вкупно седум кандидати, професори на УКИМ – проф. д-р Петар Атанасов, проф. д-р Вујица Живковиќ, проф. д-р Коле Василевски, проф. д-р Јане Ацевски, проф. д-р Драги Димитриевски како и проф. д-р Александар Димитров од Технолошко-металуршкиот факултет.
Во избирачките списоци, запишани се вкупно 1.450 гласачи. На изборите за ректор не учествуваше Факултетот за драмски уметности, затоа што така одлучиле, а сите останати членови на наставно-научни совети на 22 факултети и на пет институти, гласаа за еден од кандидатите. Гласањето, кое беше тајно, се одржа во исто време на секој факуклтет при УКИМ.