Kако правилно да третираме изгореници
Кога станува збор за изгорениците, луѓето ги третираат на различни начини, а достапни се и многу совети за тоа што треба да се прави ако ви се случи тоа. Меѓутоа, има и грешки што треба да се избегнат за да не дојде до влошување на состојбата.
Првиот чекор по добивање изгореница треба да биде изложување на течна вода, најмалку 20 минути. Водата треба да биде на собна температура, така што не треба да користите мраз, бидејќи може да го оштети ткивото. Доколку се појави плускавец, не треба да се дупне, бидејќи тоа може да доведе до инфекција. Сепак, ако плускавецот е премногу болен, веднаш одете на лекар.
За помали изгореници, антибиотици не се потребни. Инаку, тие ја стерилизираат целата површина. Кожата содржи здрави бактерии што може да помогнат при нејзиното зараснување. Агенсите што можат да се користат треба да бидат антимикробни. Три дена изгорениците не смеете да ги изложувате на сонце. Затоа, кога излегувате од дома, покријте ги и заштитете ги од сончевите зраци, бидејќи тие може да предизвикаат плускавци. Доколку изгореницата е на лицето, ставете заштитна маска или тенка марама, што деновиве ни е неизоставен дел до гардеробата.
Исклучително е важно да се утврди за кој степен на изгореница се работи. Ако станува збор за изгореница од прв степен, може да ја третирате дома, но за посериозните случаи, се разбира, е потребна консултација со лекар.