Најмалку 107 лица се заразиле со коронавирус на миса на Баптистичката црква во Франкфурт, објави денеска локалниот министер за здравство.
Инфекцијата веројатно се случила на миса одржана пред пред две недели. Баптистичката заедница соопшти дека се почитувале сите епидемиолошки мерки, вклучително и физичко растојание, дезинфекција и заштитни маски.
„Овој пример покажува колку е важно сите ние, особено сега кога има олабавување на мерките, да останеме будни и да не дејствуваме невнимателно“, рече министерот за здравство на сојузната покраина Хесен, Кај Клосе.
Раководителот на канцеларијата за здравство во Франкфурт, Рене Готсчалк, објасни дека повеќето од заразените не покажуваат силни симптоми на болеста.
„Според нашите информации, само едно лице е во болница“, рече Клосе и додаде дека ситуацијата е под контрола.
Во сојузната покраина Хесен, верските собири беа повторно дозволени од 1 мај со строго придржување до мерките.