Руската министерка за култура, Олга Љубимова, е позитивна на коронавирусот. Таа е трет заразен член на руската влада, претходно беа инфицирани премиерот Михаил Мишустин и министерот за градежништво, Владимир Јакушев.
Според изјавата на Министерството за култура, Љубимова има многу благи симптоми и ќе учествува на владините видеосесии, пренесува АП.
Во меѓувреме, не е објавено каква е здравствената состојба на Мишустин и на Јакушев.