Јапонската влада соопшти дека не постојат причини да се воведе вонредна состојба надвор од Токио и во неколку други градови, пренесе „Ројтерс“.
Портпаролот на владата им рече на новинарите дека за сега не се запознаени со научната евиденција, што ќе укаже на тоа дека вонредната состојба треба да се прошири на Хокаидо или други региони на Јапонија.
Владата прогласи вонредна состојба во Токио и во уште шест префектури кои претставуваат можни жаришта на епидемијата.
Овој потег им даде можност на гувернерите да ги замолат граѓаните да останат во домовите, како и можност да побараат затворање на деловните обкјекти, иако не се воведени казни за кршење на овие правила.