Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, издвои 750.000 американски долари помош за болници, училишта, старечки домови и други установи коишто ги води Католичката црква во сиромашните земји, коишто ќе се користи за борба против коронавирусот.
        
Папата ги повика црквите ширум светот да придонесат за фондот со кој управува, а кој е негов официјален контакт со 1.110 претежно сиромашни епархии во Азија, Африка, Океанија и регионот на Амазонија.
        
На крајот на март, Ватикан донираше 30 вентилатори во италијанските болници во најзагорозените области погодени од пандемијата. Млеко, јогурт и други производи беа доставени од Ватикан за две сестри во Рим, кои беа ставени во карантин откако беа позитивни на вирусот. Папата Франциск испрати и специјални бројаници за медицинскиот персонал во римската болница Гемели, која се грижи за пациенти со ковид-19.