Принцот Хари и Меган Маркл нема да ги почитуваат однапред зададените правила за нивниот бренд, тврди унивезитетскиот професор Џитендер Сехдев од Лос Анџелес, пренесува „Експрес“. Сехдев во изјава за „Гардијан“ вели дека „брендот на Меган и Хари отсекогаш бил многу проблематичен.“
– Тие ќе ни покажат поинаков начин на кој членовите на кралското семејство можат да живеат – вели Сехдев, додавајќи дека според него нивната добротворна организација може да биде главен прилив на приходи.
Засега 95 проценти од нивното финансирање потекнува од Чарлс, принцот од Велс.
– Не верувам дека Меган и Хари се селат во Лос Анџелес за мирен живот. Мислам дека тие се преселија тука за одреден начин на живот. Најблиската споредба на Меган и Хари ќе биде со семејството Обама и она што тие всушност го прават. Тие се продуценти на документарци и мислам дека Меган и Хари највероватно можат да тргнат по тој сличен пат – заклучува Сахдев.