Директорот на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге, изјави дека се забележуваат охрабрувачки знаци во борбата против коронавирусот, откако Италија бележи пониска стапка на новозаразени.
– Иако ситуацијата и понатаму е многу сериозна, почнуваме да забележуваме охрабрувачки сигнали. Италија, која има најголем број случаи, забележа нешто пониска стапка на пораст на бројот на нови случаи. Иако сè уште е рано да се каже дека епидемијата во таа земја го доживува врвот – рекол Клуге.
СЗО објави дека во Европа има пријавено повеќе од 220.000 случаи и 11.987 смртни случаи.
Тоа значи дека глобално, отприлика шест од десет случаи и седум од десет смртни случаи се во Европа, со оглед на тоа дека во светот се заболени 470.000 лица.
Клуге предупредил дека владите мора да бидат свесни за новата реалност и да се подготват за долготрајни последици.
– Ова нема да биде спринт, туку маратон – вели тој.