Законот за јавно обвинителство и законот за совет на јавни обвинители поминаа на собраниската комисија за европски прашања, по што треба да оди на пленарна седница.
Не беше прифатен амандманот на Алијансата на Албанците со кој се бараше незаконски прислушуваните материјали да се користат како докази во постапките кои се отворени по 30 јуни 2017 година. Комисијата заклучи и дека амандманот на пратеникот Панчо Минов не бил уредно доставен.