Британскиот премиер Борис Џонсон го повика американскиот претседател Доналд Трамп да го замени Иранскиот нуклеарен договор со свој договор, за да се осигура дека Иран нема да се снабди со нуклеарно оружје.
– Ако веќе се ослободуваме од него, ајде да го замениме со договорот на Трамп – рече Џонсон, оценувајќи дека тоа ќе биде одличен начин за напредок.
Тој смета дека Трамп, според свои зборови, прави добри зделки, пренесува „Ројтерс“.
– Ајде да соработуваме за да го замениме ЗСПА (Заедничкиот сеопфатен план за акција) и наместо тоа да добиеме договор на Трамп – изјави Џонсон за Би-би-си.