Белом Жан-Лоик од Франција ја доби првата награда за карикатура на 50. Светска галерија на карикатури Скопје 2018 на галеријата „Остен“.
Покрај него, добитници на први награди во други три категории се: Лука Лагатор од Црна Гора – за сатиричен цртеж, Ратко Маричиќ од Хрватска – за стрип и Блаже Докулески – награда за македонски карикатурист на годината.
Посебни награди добија десет автори: Дарко Дрљевиќ од Црна Гора, Џовани Кури од Италија, Катаржина Кузиор од Полска, Златко Крстевски од Македонија, Константин Сунерберг од Белгија, Сергеј Семендјаев од Украина, Јитет Кустана од Индонезија, Михел Моро Гомез од Куба, Миленко Косановиќ од Србија и Иваило Цветков од Бугарија.