Авиокомпанијата „Сингапур Ерлајнс“ соопшти дека од октомври ќе го обнови најдолгиот комерцијален лет во светот што трае речиси 19 часа, на релација Сингапур-Њујорк, при тоа додавајќи дека ќе биде понуден само на патниците во високата класа.
Моменталниот рекорд го држи компанијата „Катар Ервејс“ на летот 921 од Оукланд до Доха, што трае 17 часа и 40 минути.
На рутата од Сингапур до Њујорк сингапурската компанија ќе ги користи моделите Ербас А350-900УЛР, кои се наменети за долги летови и можат да примат 161 патник, од нив 67 во бизнис класата, а 94 во премиум економската класа.
Оваа компанија веќе леташе на слична рута од 2004 до 2013 година, но ја укина бидејќи беше нерентабилна.