Времето утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Во попладневните часови ќе има изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи, информира УХМР.
Утринската температура ќе се движи од 10 до 18, а дневната од 24 до 31 степен.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Температурата ќе се движи од 16 до 29 степени.
Во следните денови ќе биде претежно стабилно и релативно топло.