Ацо Колевски е избран за нов претседател на Советот на јавните обвинители, откога вчера добил едногласна поддршка од членовите на Советот и немал противкандидати.
Ацо Колевски е член на Советот од февруари 2018 година, кога беше избран од редот на јавните обвинители и дојде на местото на Љубомир Јовески, кој ја презеде должноста државен јавен обвинител.
Колевски ќе го наследи досегашниот претседател Коле Штрејев, кој ја извршуваше функцијата од 31 август 2017 година.
Претседателот на Советот на јавни обвинители се избира од членовите со тајно гласање. Неговиот мандат трае две години, без право на повторен избор.