Ерменскиот Пјуник од Ереван четврти пат ќе игра со тим од Македонија во квалификациите за европските фудбалски купови, кога денеска ќе се сретне со Шкупи, дома, во 1. коло од квалификациите за Лига Европа.
Пјуник првпат играше со македонски клуб во 2004 година, со Победа, во првото коло од квалификациите за Лигата на шампионите, потоа се сретна со Тетекс во 2013 година и со Вардар лани, во двата случаја во квалификациите за ЛЕ, во првите кола. Пјуник славеше вкупна победа во сите три дуела.